Хрватската актерка денеска ќе биде испратена во својот вечен дом

Два дена по страотната несреќа во која го загуби животот, младата хрватска актерка Долорес Ламбаша ќе биде испратена во вечното живеалиште во својот роден град.

Погребот ќе се одржи во Шибеник, во 16 часот, пренесува Шибеникпортал.хр.

На погребот освен нејзините семејство и пријатели, се очекуваат и голем број нејзини фанови кои неутешно оставаат пораки на нејзиниот Фејсбук профил.

За потсетување, Долорес го загуби животот завчера во страотна сообраќајна несреќа која се случи на хрватскиот автопат А3.

25.10.2013 - 09:11

најчитано сега