Пејачката Гога Секулиќ ја истепала својата свекрва

Мајката на покојниот сопруг на пејачката Гога Секулиќ тврди дека добила ќотек од пејачката. Мајката на Игор за српските медиуми изјавува дека Гога буквално влетала во станот кој припаѓал на нејзиниот син и ја истепала, ден пред да му вадат 40 дена.

- Немам веќе што да загубам во животот. Станот е мој и не може никој од него да ме исфрли, но свесна сум дека ќе биде тешко да се живее со Гога. Не можам со неа. Таа ме тепаше ден пред да му вадиме 40 дена на Игор. Тогаш и го побарав клучот од станот и таа полуде, вели мајката на Игор.

Жената сакала да повика полиција, но пејачката и го земала телефонот од раката и и се заканила. 

Засега Гога не е достапна да одговори на овие обвинувања, но нејзиниот братучед вели дека сето тоа е голема лага. 

25.10.2013 - 09:31

најчитано сега