И денеска дожд, ветер и грмотевици во Македонија

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, а ќе има врнежи од дожд и грмежи.

На места врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат на повеќе места повеќе од 20 литри на метар квадратен. 

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 24 степени. 

најчитано сега