ИЈЗ: Регистрирани 259 оздравени пациенти од Ковид 19, од нив најмногу се од Скопје
Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19, од кои најмногу во Скопје, Штип и Гостивар.
Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4, Ресен-2, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа