Ангеловска: Барајте и скенирајте ги вашите сметки- со неиздавање сметка продавачот ќе ги земе вашите пари за себе

 

Министерката за финансии Нина Ангеловска, објавувајќи фотографија како скенира фискална сметка во локал во некое од планинските подрачја на земјава, повторно апелира - барајте ги вашите фискални сметки.

„Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги - не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите!

Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:

Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18 отсто продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!

И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.

Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!“, пишува Ангеловска.

Додава дека со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда

Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден.

Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.

„Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал“, пишува Англовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега