Нова застрашувачка снимка од црква во Бејрут: Се подготвуваа за венчавка кога сѐ експлодираше (ВИДЕО)

Нова снимка покажува низ каков хорор поминаа жителите на Бејрут на денот на страотната експлозија која го уништи градот.

Додека гостите се подготвувале за венчавката во Бејрут, црквата се тресела. Отпрвин, тие мислеа дека станува збор за земјотрес, но кога следеше втората експлозија, почнаа панично да бегаат.

Гостите трчаа врескајќи и заробени на патот кон излезот.

Возрасните ги заштитуваа децата, а густо црвеникав чад веќе можеше да се види надвор на небото од експлозијата што ја уништи либанската престолнина. Прозорците биле искршени, а ентериерот на црквата е значително оштетен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега