Владата го усвои планот на МОН за наставата, моделот ќе биде според мислењето на Комисијата
Владата денеска на 80-та седница ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести.
-Потоа, врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта, соопшти владината прес-служба.
11.08.2020 - 16:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа