Независни медиуми: Директор на телевизија стана висок партиски функционер во СДСМ

СДСМ спротивно на залагањата за поголема независнот во медиумите врши нивно политичко корумпирање, пишува Нетпрес. Споед порталот, за тоа говори примерот во општинската организација на СДСМ во Струмица каде што за член на општинската организација е поставен Миле Милановиќ, управител на регионалната телевизија „Вис“ од Струмица.
 
Опозициската СДСМ во изминатите години постојано говореше дека е неопходно медиумите да се тргнат на страна од политичките партии, но во една од општините во кои токму оваа партија е на власт го применува спротивното. Според познавачите, ова значи дека управителот на ТВ „Вис“, Миле Милановиќ, добил висока партиска функција во СДСМ поради претходна лична и професионална соработка со СДСМ, а од друга страна СДСМ под своја капа осигурал силна регионална телевизија.
 
“Ова претставува класичен пример за политичко корумпирање на медиум. Зоран Заев во многу наврати досега посочи дека Струмица е општина за пример кој ќе го применуваат секаде каде што се на власт. Ова значи дека можеби во случај СДСМ да ја добие централната власт ќе се обиде примерот со регионалната телевизија „Вис“, да го примени и на националните телевизии во Македонија“ - пишува Нетпрес
26.10.2013 - 12:13

најчитано сега