Уапсен е амбасадорот на Азербејџан во Србија

Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, е уапсен под сомнение дека проневерил голема сума пари и злоупотребил средства од буџетот, објави прес-службата на државната безбедност на Азербејџан, јави РИА.

-Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов е приведен. Тој е обвинет за злоупотреба на голема сума пари од буџетот, за злоупотреба на пари и други злосторства. Тој беше приведен за време на истрагата, а кривичната постапка против него е во фаза на истрагата, се вели во соопштението од Баку.

Се додава дека јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на истрагата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега