Две лица потешко повредени во сообраќајка во Кавадарци

Во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила на улицата Шишка во Кавадарци две лица се потешко повредени.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа во 21 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци кога се судриле патничко моторно возило марка „сеат ибица“ во сопственост на Здравствениот дом од Кавадарци со кое управувал  45-годишниот Љ.Ј. и мотоцикл „скутер балтијан“ со кој управувал 21-годишниот  Г.З. од Росоман.

При сообраќајката со тешки телесни повреди се здобил возачот на скутерот и е препратен на скопските клиники, а со лесни повреди се здобил возачот на Ибица.

 

најчитано сега