Сообраќајка во Скопје- Велосипедист со тешки повреди пренесен на Клиника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна незгода во Скопје, префрлен во болница.

Според пријавеното, вчера во 17.30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и  ул.„Коперникова“ патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од А.М.(71) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега