Претепан малолетник во скопско Ченто

Неколку непознати лица вчера околу 12:30 часот на улицата Среќко Пужалка во Скопје физички го нападнале 15 годишниот В.А. Почнале да го удираат со ремени во пределот на рацете по што побегнале. Полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на сторителите, по што бил приведен 15 годишниот Б.А. од Скопје. Од МВР ја потврдуваат информацијата и додаваат дека се превземаат мерки за пронаоѓање и на останатите учесници во тепачката

најчитано сега