Прилепчанка му го украла моторот на поранешниот дечко

31 годишна прилепчанка му го украла моторот на својот поранешен дечко. Како што информира полицијата, 31 годишната Ј.М од Прилеп, отишла во домот на Ф.Ј (26) каде нејзиниот поранешен дечко го оставил својот мотор на поправка. На мајсторот му рекла дека нејзиниот дечко Т.А. (55) и рекол да го земе моторот. Си се качила на него и заминала во непознат правец. Кога дознал Т.А случајот веднаш го пријавил во полиција, а полициските службеници и поднеле кривична пријава на прилепчанката за сторено кривично дело Измама.

 

најчитано сега