Студен бран пристигна во Македонија - температурите паѓаат, во четврток и петок нова промена
Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде претежно облачно и значително постудено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Поради разведрувањето кое не очекува денес кон крајот на денот и во вечерните часови, особено студено ќе биде утре наутро со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -4 степени. Максималните дневни пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Потоа од среда времето ќе биде променливо облачно и потопло со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, ќе има и повремени локални врнежи од дожд кој поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта четврток кон петок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа