Села: Поднесуваме барање за промена на Уставот
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села бара промена на Уставот, рече тој при гостување во „тв24“
- Деновиве до Собранието ќе поднесе барање со кое од Уставот ќе се избрише формулацијата јазикот кој го говорат над 20 проценти од граѓаните и наместо тоа ќе се стави албанскиот јазик.
Сега во процедура го пуштаме Законот за промена на државјанство, а после тоа можеби ќе пуштиме и предлог за промена на Уставот- вели Села.
Села тврди дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаат ништо против ова барање на Алијансата.
02.12.2020 - 13:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа