Мицкоски до Заев: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, лажеше додека се колнеше во најмилото, лажеш и сега

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, напиша во објава на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а по денешната прес-конференција на заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања.

Бугарската страна, дополнува Мицкоски, кажува дека за придавката македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува.

– Та нели се беше во главата на вморвците? Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот!, наведува Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега