Канческа-Милевска работно ќе ги прошета Гостивар и Кичево

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска работно ќе ги посети Гостивар и Кичево.

Предвиденот е министерката во Гостивар да оствари средба со градоначалникот Невзат Бејта со кој ќе ја посети реставрираната Саат кула. Во Кичево Канческа-Милевска ќе ја посети куќата каде се во тек активностите за обнова на фасадата на овој објект од старата градска архитектура како дел од проектот за реконструкција на фасади во повеќе градови во земјава.

01.11.2013 - 09:41
Фото: 
денешен.мк

најчитано сега