Заврши вакцинацијата против сезонски грип во Делчево и Македонска Каменица

Заврши вакцинацијата против сезонскиот грип во Делчево и Македонска Каменица. Оваа година се потрошени сите 530 вакцини, од кои 450 во Делчево и 80 во Македонска Каменица.

Доктор Елица Стојковска, раководител на Епидемиолошката служба во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево изјави дека поради зголемениот интерес на граѓаните за превентивно вакцинирање за наредната година планираат зголемена набавка на вакцини против грипот, пренесе МИА.

01.11.2013 - 10:21
Фото: 
Денешен

најчитано сега