Уставниот суд избира нов претседател

Уставниот суд денеска избира наследник на досегашниот претседател Бранко Наумовски чиј мандат истекува. Еден од деветтемина судии треба да седне во претседателското столче. Седницата за избор беше закажана за минатиот понеделник но поради недостаток на кворум беше одложена за денеска. 

Судиите избораат престедател од своите редови. За избор се потребни шест гласа, односно двотретинско мнозинство.

Најпрво ќе се формира Комисија која ќе го следи процесот а потоа судиите со тајно гласање ќе изберат претседател.

 

 

01.11.2013 - 10:39

најчитано сега