Средба Бесими-Пак: Европските вредности ќе ја донесат Европа во Македонија

Европратеничката Дорис Пак од денеска престојува во посета на Македонија.Таа оствари средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

На средбата се дискутирало за заложбите на Република Македонија за поскорешно заокружување на реформите и интеграцијата на земјата кон евро-атлантските структури, а била потенцирана и поддршката за евроинтеграциите на Македонија од страна на Република Германија, но и од Фондацијата “Конрад Аденауер“.

- Темите за кои се разговараше беа реформите во Република Македонија, добрососедските односи, како и меѓуетничките односи за кои што Пак истакна дека промовирањето на европските вредности ќе ја донесат Европа во Македонија, стои во соопштението.

Вицепремиерот Бесими нагласил дека земјава препораката на ЕК за започнување на преговори ја прими како знак дека земјата останува во агендата за проширување на ЕУ. 

Инаку, Дорис Пак ќе престојува во дводневна посета на Македонија.

01.11.2013 - 11:12
Фото: 
Утрински

најчитано сега