Град Скопје: Дивата депонија во Мичурин трансформирана во нов зелен парк

 

 

Дивата депонија во населба Мичурин, од која екипите на Град Скопје оваа година расчистија 15.000 кубни метри отпад, денес е нов зелен парк за граѓаните. Во текот на изминатите денови во паркот беа засадени 520 нови листопадни и зимзелени дрвја, што напролет ќе придонесат за намалување на температурата во летниот период. Во паркот е засадено и највисокото дрво за оваа сезона, високо 7,4 метри.

– Новоуредената јавна површина на околу 6.000 квадратни метри е поделена на прекрасен нов парк со детско игралиште и паркинг-простор кој ќе го стопанисува ЈП „Градски паркинг“ со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Наскоро, паркот ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини, соопшти Град Скопје.

Од Град Скопје информираат дека ќе продолжат со уредување на местата што претходно биле диви депонии, а сега прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани. Продолжува и засилениот инспекциски надзор за да се спречи повторното создавање ѓубришта на истите места.

Согласно новите стандарни на квалитет, Град Скопје истакна дека продолжува со подигнување нови дрвореди со квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на градот, потребни за прочистување на воздухот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега