Тројца повредени во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје

Три лица се повредени, од кои едно со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа која изутрината околу 05 часот се случила во центарот на Скопје.

-Изутрината во 05.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Е.И.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 508“, управувано од К.П.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел корса“ Ѓ.И.(55) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката од истото возило Е.И.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти полицијата.

 Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега