ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска во неколку весници призна дека вилата ја градела со сопругот
Не е возможно свекрвата на Радмила Шеќеринска, сега пензионер, а во минатото административен работник да има вила во вредност од најмалку 150.000 евра
Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг ја граделе оваа вила, а не нејзината свекрва. За тоа сами давале изјави за Глобус и Вест. Денес Радмила Шеќеринска се демантира себе си.
Свекрвата на Радмила Шеќеринска во својот живот работела како административен работник во две министерства и нејзините приходи биле просечни како и на секој службеник во државната администрација. Апсолутно е невозможно човек кој целиот свој работен век го поминал во администрација да поседува вила од 150.000 евра и попатно да има и друг имот онаму каде што живее. Дури и ниту еден денар да не потрошила за ништо во својот живот, ниту за струја, ниту за вода, за парно, за лекови, за леб, за млеко, свекрвата на Радмила Шеќеринска не би можела да заштеди 150.000 евра, а камоли само во Маврово да располага со толку скап и луксузен имот.
Радмила Шеќеринска призна дека семејство Шеќеринска-Јанковски има непријавена вила во Маврово.
Како што кажавме на прес-конференцијата, Радмила Шеќеринска сама признава во медиумите дека токму таа и нејзиниот сопруг со многу емоции ја граделе оваа луксузна вила, а не како што денес вели Шеќеринска, нејзината свекрва.
Неделникот Глобус во интервју на гости во вилата на Маврово пишува дека Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски избегнуваат да зборуваат за својот приватен живот, но ексклузивно за Глобус ги отвориле вратите во нивниот втор дом во Маврово.
“Во нивната планинска дрвена викендичка го пронаоѓаат својот мир, се посветуваат еден на друг и го надоместуваат пропуштеното во текот на работната недела.
Првата заедничка Нова година ја прославиле во изнајмена викендичка, а веќе пет години си имаат сопствена куќа која е целосно направена од дрво, па дури и секој нејзин детаљ што се наоѓа внатре. Дрвена куќа во планина е сон на Бобо од детство. Нејзината проекција произлегла од неговата имагинација, а во ентериерското уредување своја улога имала е Радмила.” пишува неделникот Глобус.
Во истото интервју Шеќеринска вели дека во вилата се осеќа како дома.
“...Уживаме во неа бидејќи ја гледавме како расте и во секој детаљ внесовме емоции. Овде сме како дома и немаме чуство дека сме некаде појдени.” Вели Шеќеринска.
Најмалку што може да стори Радмила Шеќеринска е да си го пријави својот имот и да им се извини и на своите сопартијци и на целата јавност заради обидот околу себе да создаде слика на скромен и чесен политичар, што секако не е вистина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа