Џамбазов во "Јади бурек": Не можеш во Македонија да ги убедиш луѓето дека постои нешто ненаместено! (ВИДЕО)

Легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов гостуваше во емисијата на Јанко Илковски, Јади Бурек, каде во негов стил зборуваше за Македонија и македонскиот народ.

На прашањето како го гледа народот и Македонија Џамбазов одговара: - Секогаш има некои кои се незадоволни и тие се толку посто или толку посто, тоа во политиката се’ се мери во посто и во пари. Но, чувствувам дека нaродот што е разочаран, ако е среќник да биде дел од оние акции кои се прават, кампањи за да се подобри стандардот на ова, но големо е разочарувањето на луѓето кои влегуваат во таа шема и неочекувано испаѓаат.

Како пример ги наведува вработвањата во Македонски шуми: - Еве пример последен со делењето на работни места во Македонски шуми. Колку тоа мене ми изгледаше прозаично убаво на почетокот, а уствари каква беља си направија сами на себе луѓето кои тоа го организараа. Не можеш во Македонија да направиш такво нешто. Знаеш ли дека обичен човек не можеш да го убедиш дека не постоело наместено бинго во Македонија. Сите бинга во Македонија биле наместени, сите наградни игри биле наместени. Јас им викам, како да ви докажам дека јас сум првиот што сакал да пронајде, да добијам на суд, дека сум бил учесник во голема иизмама. Не, немало местење, особено сега не. Сега тоа е под строга контрола на Министерството за финансии, се си фунционира како саат. Така и за ова, вели Џамбазов.

 

 

03.11.2013 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега