Обвинетите во Монструм уште долго ќе ги чекаме да се вратат од Косово

Најрано кон крајот на месецот    обвинетите  директни извршители  од Монструм ќе се соочат со властите во Косово , по апсењето за недозволено тргување со оружје.   Адвокатот на Алил Демири не очекува брз процес,   а со тоа ниту брза екстрадиција.   Вели дека  судењето  во Приштина може да се одолговлечи и до крајот на годината, а ако се потврди вината ги очекува казна од  2 до  10 години.

Македонските власти ја почнаа постапката за екстрадиција пред околу два месеци, документите за Монструм се во рацете на косовското министерство за правда.  Министерот Беџети во изјава за Сител вели дека се во постојана комуникација со косовските власти и дека очекува обвинетите набрзо да му бидат достапни на судот

Додека  Демири и Исмаиловиќ  се подготуваат за судење во Приштина,  судскиот процес Монструм, во кој тие се обвинети дека се директни извршители на петкратното убиство  кај Смилковци од  пред една година, продолжува  во нивно отсуство.

најчитано сега