Ѓорѓиев: Владата обезбеди 4 финансиски инструменти за изградба на приватни градинки

Владиниот потпарол АЛександар Ѓеорѓиев денеска на прес-конференција обелодени дека бизнис секторот заинтересиран за изградба на приватни градинки ќе може да користи средства од евтината кредитна линија преку Европската инвестициска банка, револвинг кредитната линија што ја спроведува Македонската банка за поддршка на развојот, посебниот кредитен гарантен фонд, како и од кредитниот инструмент за поддршка на мали и средни претпријатија.

Од кредитната линија од ЕИБ во износ од 100 милиони евра  на располагање се уште 22 милиони евра, а ќе може да користат пари и од новата линија  што ќе биде пуштена кон крајот на годината и во текот на следната година.  Може да се подигнат средства во износ од 10.000 до 3,5 милиони евра, со  фиксна каматна стапка од 5,5 проценти што ја субвенциниора државата. Рокот на отплата изнесува 8 години, со грејс период од 24 месеци.  - Парите ќе може да се користат за изградба на градинки, за доградба и реконструкација на веќе постоечки и набавка на опрема и покривање трошоци за плати и изработка на развојни планови, односно користење на 30 проценти од средствата како обртни средства, рече портпаролот на Владата.

Со револвинг кредитот, пак, ќе може да се подигнат средства виовисина од 50.000 евра до 400.000 евра, со период на отплата од 6 години и грејс период од 12 месеци и фиксна каматна стапка од 6 проценти.  Преку кредитната линија со гарантна шема, на располагање се финансии во износ од 10.000 евра до 300.000 евра.  За рокот на поврат на средтва има две варијанти. Доколку рокот на отплата е 2 години грејс периодт е 12 месеци, а ако е три години грејс периодт е 6 месеци. Каматната стапка е 6,75 проценти. Компаративна предност е што комерцијалните банки одлулуваат да го одобрат многу лесно затоа  што државата преку МБПР учествува во гаранцијата на сервисирањето на обврските на субјектот што ќе ги добие средствата.

- Со нудењето на овие 4 финансиски инструменти даваме дополнителна поддршка на бизнис заедницата заинтерсирана за изградба и стопанисување со градинки, наведе Ѓорѓиев.

 

03.11.2013 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега