Спречен обид за шверц на лекови на граничниот премин Блаце

Цариниците на Блаце спречија обид за шверц на поголема количина лекови кои биле пренесувани во комби со косовски регистерски ознаки.

- Првичната контрола на комбето е извршена во царински склад во Скопје при што не се утврдени никакви неправилности, а потоа возилото е пломбирано и упатено  кон граничниот премин Блаце. Временскиот интервал од три и пол часа за возилото да стигне од царинскиот склад во Скопје до граничниот премин Блаце бил индикатор за повторно да се изврши контрола на возилото кога се јави за завршување на царинската транзитна постапка на излез од Република Македонија. Овој пат утврдено е дека од возилото  недостасуваат 28 пакети со лекови од вкупно пријавените 57 пакети, изјави денеска директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.

Во вечерните часови во околината на Тетово во напуштен склад пронајдени се 28-те кутии со лекови во кои имало 6.349 пакетчиња лекови со вредност од 442.800 денари за кои малопродажната цена би достигнала 2,5 милиони денари.

Се претпоставува дека станува збор за интернационална група на шверцери и оти ова не било прв пат на ваков начин да шверцуваат лекови во Македонија и Косово.

 

03.11.2013 - 14:25
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега