Захариев: Новите автопати ќе ја подобрат безбедноста на патувањето

 

Илчо Захариев денеска изјави дека источна Македонија дочека 69 години да поминат, па да го добие првиот километар автопат.

 

- Убеден сум дека следните 3 години интензивно ќе се гради. Скопје ќе го доближиме до источна Македонија, источна Македонија до главниот град, ќе ја подобриме безбедноста на патување бидејќи знаете дека делницата Штип – Велес е црна точка на македонските патишта, каде има многу сообраќајни незгоди. Ќе имаме огромни заштеди и во време, но и во финансиски средства. Тоа и на граѓаните и на правните субјекти. Многу е важно што индустриските зони кој се градат во Источна Македонија, кои ги има скоро во секој град, ќе бидат привлечни, атрактивни за странски инвеститори бидејќи патната инфраструктура е пресудна за да дојдат инвеститорите, вели Захариев.

 

 

Градоначалникот додава и дека е убеден дека ова што го направи Владата и она што ќе се направи во наредните 3 години со интензивната гр

адба и значи препород на Источна Македонија.

03.11.2013 - 14:54
Фото: 
макфакс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега