Устоличен новиот Владика на Тетовско-гостиварската епархија

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение денеска одржаа света архиерејска литургија во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово со која го интронизираа досегашниот епископ велички господин Јосиф за прв митрополит на новоформираната Тетовско- гостиварска епархија.

- Доаѓаш во предели каде се длабоки и древни христијанските темели, ќе бидеш меѓу народ што љубоморно ја чува и живее верата православна, меѓу народ кој поради секојдневните притисоци се повеќе се оретчува, но оној кој останува е верен народ и си ја сака црквата македонска и земјата прадедовска. Ќе бидеш архиреј меѓу народ каде со крстот и полумесецот се препознава секој човек и секоја населба. Помагај да се залечат раните, моли се да се утешат онеправданите, почитувај ги разликите на секого и учи ги луѓето да  го прават тоа на други што сакаат другите тоа ним да им го прават му порача г. г. Стефан на новиот владика.

Новиот владика г. Јосиф побара од верниците да го возобноват духовниот живот во овие крашита и ги посетуваат црквите.

- Материјалните градби ги имаме, ги наследуваме и за нив ќе се грижиме со постојана будност, нови ќе создаваме, но најважно од се е возобновата на духовниот живот на овие краишта. Да видат овие ѕидови верен народ кој постојано ќе влегува меѓу нив, да слушнат овие фрески и кони молитви, да тропнат камбаните за служба, да оживеат манастирите и манастирските имоти со црнорисци, истакна владиката Јосиф.

 

03.11.2013 - 15:10
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега