Повеќе скопски населби утре без струја

Од 9 до 15:30 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Метохиска“ и „Скупи“.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат жителите од селото Мирковци и викенд населбата во општина Чучер-Сандево, дел од корисниците од улицата „Козле“ од бр. 1 до бр. 35, од улицата „Иван Милутиновиќ“, врвот на Водно, Средно Водно и Горно Нерези и Горни Крушопек.

Жителите од општина Ѓорче Петров, лоцирани на улиците „Крсте Гермов-Шакир“, „Тодор Циповски-Мерџан“, „Воин Драшковиќ“ и „Мавровска“ од 12 до 15:30 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Патрис Лумумба“ во општина Шуто Оризари, а од 8 до 12 часот корисниците од Усјански канал во општина Кисела Вода. Од 8 до 9:30  часот  без струја ќе бидат корисниците  од улицата „Божидар Аџија“ бр. 18/1 и дел од објектите во близина.  

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.

03.11.2013 - 15:52
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега