Тоа е македонски фудбал: Црвени картони и продолжение додека противникот не даде гол

Дека македонскиот фудбал е во очајна ситуација тоа и не е некопја новост. Ако се има предвид, како изгледа првата лига, само може да се протпостави како изгледаат натпреварите од понизок ранг. 
Приканзава која ја пренесуваме доаѓа од општинската лига Кисела Вода што би значло нешто како четврта фубалска лига во земјава. Управата на малиот клуб Ново Лисиче од Скопје, испрати допис до нашата редакција за да ни ги пренесе своите впачтоци од натпреварот кој требало да го реши есенскиот шамппион во лигата. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Како секој сериозен и професионален клуб кој вложува и работи за доброто на фудбалот во Македонија ние сме тотално разочарани и огорчени од тоа што денеска се случи на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Славија од Пржино и нашиот тим на Ново Лисиче кој се одигра во населбата Пржино. Резултатот од натпреварот директно одлучуваше за кој тим ќе заврши на првото место во есенската полусезона во фудбалската општинска лига на Кисела Вода. Гледајќи што се случуваше изминатите кола од лигата и големата помош и наклонетост што ја има тимот на Славија од судиите и од раководните луѓе на општинскиот сојуз ни беше јасно дека не очекува голем притисок и лошо судење на овој натпревар, но сепак мислевме дека сето тоа ќе биде во границите на нормалата и нема да има влијание директно на конечниот резултат на натпреварот. Криминалецот кој денеска без грам срам ни ја одзема победата се вика Владимир Ризоски. Овој човек дефинитивно ја има промашено професијата Фудбалски судија или во најмала рака ги срами своите колеги судии кои чесно и искрено си ја работат работата, па уште во 20 минута ни додели 2 непостоечки црвени картони за нашиот тим.Во првите 20 минути пред да бидат доделени тие црвени картони сите бевме сведоци на невиден притисок врз судијата од играчите и раководството на Славија пред очите на сите беше влечен,плукан,навредуван па и дури имаше закани од дел од играчите на Славија дека ке биде линчуван пред својот дом,но на сето тоа тој како професионален судија не реагираше. Сето ова помина без ниту еден жолт картон, а од страна на криминалецот Владимир Ризоски не беа санкционирани ни неколкуте груби стартови врз нашите играчи. Во тие моменти и покрај тоа што имаше дилема дали да го продолжиме натпреварот пред се за да ги заштитиме нашите млади играчи од сериозни повреди бидејќи тоа криминалецот Ризоски не го правеше сепак решивме како сериозен клуб да останеме на терен и со 9 играчи да ја продолжиме битката на зелениот терен покрај сите неправди кој се случија за само 20 минути.После ова на тимот на Славија не му беше тешко да поведе со 2:0, но нашите играчи со сите сили напаѓаа, па најпрвин во 53 минута ни беше поништен регуларен гол, но сепак успеавме најпрвин во 63 па во 80 минута да постигнеме два гола и да израмниме на 2:2,замислете со два играчи помалку екипата на ФК Ново Лисиче израмни на 2:2. После нашето израмнување криминалецот Владимир Ризоски повторно стапи на сцена и додели уште еден црвен картон за нашите играчи па бевме приморани да го доиграме натпреварот со вкупно 8 играчи. За жал мораше натпреварот да се игра се додека тимот на Славија не постигне победнички гол и го добие натпреварот со 3:2 во 97-мата минута,па веднаш после тоа да се означи крајна натпреварот. Сакаме јавно да ги прашаме сите одговорни лица во лигата дали им смета што од оваа година ние како дебитантски клуб во кој се работи пред се професионално и со искрен пристап пред се во младите категории со цел развој на фудбалот, а доказ за тоа е нашата младинска школа која брои повеќе од 120 деца и учествата на меѓународни турнири во друштво на најголемите балкански клубови им сметаат нашите амбиции за професионализам и за влез во повисок ранг па преку нивните нечесни игри сакаат да уништат голем фудбалски центар кој вложува и се стреми за развој на фудбалот. За крај сакаме да ја запознаеме јавноста за аматеризмот на раководните луѓе на општинскиот сојуз Кисела Вода и за делегирањето на вакви катастрофални судии како Владимир Ризоски кои и покрај неколкуте наши барања за одржување на состаноци помеѓу клубовите и сојузот досега не е организиран ниту еден состанок во текот на есенската полусезона со цел да се запознаат раководните луѓе со сите проблеми,а исто така досега и најголемиот криминал е што сакаме да го потенцираме е тоа што иако е крај на полусезоната не добивме официјална табела со резултати од одиграните натпревари во десегашните 8 кола,иако ние како тим ги имаме платено сите давачки за годишна котизација на клубот,редовно платени судии и делегати,уредно пријавни натпревари во полициска станица регистрирани играци со книшки од ФФМ,сега ние како тим се прашуваме каде и за што ни одат финансиите дали во развој на фудбалот или само да бидеме параван на крими групи кои ништо добро не правата веќе 25 години за фудбалот во Македонија. ФК Ново Лисиче најавува жалба за криминалното судење на судијата Владимир Ризоски и приговор до највисоките инстанци на Фудбалската федерација на Македонија.“ - стои во писмото испратено од Управата на ФК Ново Лисиче

03.11.2013 - 22:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа