По два дена потрага пронајдена 15 годишната охриѓанка

15 годишната Маја Блажевска од охридско Лешани е пронајдена во Скопје откако два дена се водеше како исзезната, јавуваат локалните охридски медиуми.

„Како што сме информирани, девојчето се враќа дома во придружба на својот татко. Инаку 15-годишната ученичка во средно училиште во Охрид, пред два дена заминала за Скопје, а вчера во охридската полиција таа била пријавенa за исчезната. Случајот денеска доби среќна завршница, пишува порталот Охрид Њуз.

03.11.2013 - 22:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа