ВИДЕО: Ракометарката на Вардар го даде најдобриот гол што некогаш сте го виделе

Јованка Радиќевиќ против Подравка. Мајсторија

 Женскиот ракометен шампион на Македонија, тимот на Вардар СЦБТ вечерва на гостински терен убедливо ја совлада хрватската екипа Подравка со 35:17.
 
Со оваа победа „црвено-црните“ на две кола пред крајот на натпреварите во Д-групата, веќе обезбедија пласман во следната (главна) групна фаза каде ќе играат осумте најдобри женски европски клубови.
 
Нашите ракометарки во текот на целиот натпревар ја имаа контролата на играта и на резултатот и докажа дека не случајно и на дуелот во Скопје со голема разлика ја порази Подравка.
 
Најефикасни во составот на македонскиот претставник беа Андреа Лекиќ со осум и Сираба Дембеле и Татјана Хмирова со по 5 погодоци.
 
На голот Ина Суслина запиша 13, а Амандин Лејно 8 одбрани.
 
Вчера на првиот дуел од овој круг ларвик ја совлада Бера Бера со 29:21.
 
 
Табела: Вардар 7 бодови, Ларвик 7, Подравка 2, Бера Бера 0
03.11.2013 - 23:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега