Стоилковски: Ова не е влада, со Македонија владее мафијата која мора итно да падне
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук вели дека ова не е влада и дека со Македонија владее мафијата и мора итно да падне.
-Зоран Заев кој што ветуваше „вистина“ за Монструм, и кој што велеше дека не се виновни обвинетите, дека има докази и снимки кои што „нема да ги пушти за да нема етнички базирани насилства“ сега нека излезе пред роднините излажаните и мотивираните поддржувачи на протестот, да им ги објасни „околностите и сознанијата“!
Ама да не се лажеме, секогаш, ама СЕКОГАШ кога се фатени за корупција и за криминал, како сега со извештајот на #TransparencyInternational, со „спуштени гаќи“ и рацете во медот, играат на национал- етнички поврзани протести и напрегнатости во општеството!
Ајде Zoran Zaev биди маж денеска, не се сокривај за Фатиме или Јовески „Сошиената уста“! Излези пред луѓето што ги лажеше јавно!
Нема веќе простор за криење! И срамно е да организирате „контрапротести“ за дефокус од некакви квази-групи за мајмунлаци кои што до вчера ги браневте под превезот на човековите права.
Прочитани сте од сите!
Лажете и манипулирате без нималку чувства!
Ова не е влада, со Македонија владее Мафијата и мора ИТНО да падне!
За доброто на сите!, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа