На пратеничката на НСДП од падот и се изместиле лакот и лигаменти

Пратеничката и член на НСДП Соња Мираковска денеска е пуштена на домашно лекување откако синоќа падна од бината за време на третиот Конгрес на партијата, додека стануваше од своето место.

Како што пренесува Плусинфо, пратеничката ја минала цела ноќ во болница, а при падот се здобила со повреда на лактот и изместени лигаменти.

- Добра сум, сега излегувам од болница. Имаше малку простор позади моето место и работ од бината. Не видов дека има толку малку место, дека просторот е толку мал и паднав во провалија. Изместен ми е лактот, но изминатата ноќ го наместија со анестезија. Имам изместени лигаменти, но се движам. Сега ме пуштија на домашно лекување и ќе одам на контроли во следниот период – изјави Мираковска за „Плусинфо“.

04.11.2013 - 11:59
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега