Руски државјанин фатен на Табановце со фалсификувана бугарска лична карта

Млад руски државјанин си заработи кривична пријава за фалсификување патна исправа.

Се работи за 29-годишниот Е.Д. кој пред неколку денови на граничниот премин „Табановце“ на излез од Република  Македонија, на цариниците им приложил фалсификувана бугарска лична карта. Личната карта Русинот ја набавил од бугарски државјанин во Скопје за цена од 300 евра.

 

04.11.2013 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега