Министерот Адеми во посета на Кичево

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, денеска оствари средба со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари.

Министерот Адеми го запознал градоначалникот Дехари за проектите кои се предвидени за Кичево, а акцент бил ставен на водоснабдувањето на Зајас и околните места и подобрување на канализацијата на самото градско подрачје, како и предвидента изградба на пречистителна станица.

Министерот Адеми најавил дека се размислува и во првец на дислокација на градската депонија, па заедно со градоначалникот Дехари направија обиколка на градската депонија која преставува голем проблем за општина Кичево.

04.11.2013 - 13:36
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега