Охридски актер настапи како стенд-ап комичар во Лондон

Охридскиот актер Никола Тодороски се претстави како стенд-ап комичар во повеќе клубови во Лондон, меѓу кои и во познатиот „Comedy store“, клубот во кој самостојно настапувале светски познатите комичари како Робин Вилијамс, Џери Сајнфилд, Крис Рок...

- Настапив во клубовите „Comedy store“, во Headliners comedy club и во Party&Peace клубот. Овие мои настапи секако ќе резултираат со промени и во натамошниот тек на мојата кариера како стенд-ап комичар, но како било, она што можам да потврдам дека дефинитивно повторно ќе се вратам со настапи во Лондон, изјави Тодороски.

Тој неодамна имаше свои настапи и во клубови за комичари во Амстердам, два самостојни настапи во Словенија, како и настап во познатото „Студио стенд-ап смијеха“ во Загреб. 

Независно од околностите, тој е цврсто решен да продолжи да биде активен во тој сегмент од неговата актерска кариера, паралелно со неговите професионални ангажмани како актер во неодамна обновениот Народен театар од Охрид. 

04.11.2013 - 14:10
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега