Донесени измените на Законот за генетски модифицирани организми

Пратениците денеска во Собранието ги изгласа измените на Законот за генетски модифицирани организми кои се однесуваат на усогласување со законот за испекциски надзор, откако претходно го донесоа Буџетот за 2013 година.

На дневен ред се и измените на Законот за заштита на природата, Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за квалитет на амбиентниот воздух, Законот за управување со отпад,  Законот за водите и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема, како и Законот за туристичка дејност, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, Законот за градежни производи, Законот за безбедност на производите, Законот за трговија и Законот за вршење на занаетчиска дејност.

На дневен ред се и измените на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Законот за метрологијата, Законот за техничка инспекција, Законот за Државниот пазарен инспекторат, Законот за возила, Законот за стечај и Законот за енергетика.

Ќе се дебатира и за измените на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Законот за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, Законот за прекинување на бременоста, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни субстанци, Законот за санитарна и здравствена инспекција, Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, Законот за лековите и медицинските помагала, Законот за хемикалии, Законот за евиденциите во областа на здравството  и Законот за здравствена заштита, а исто така и за Законот за безбедност на храната, Законот за Државен инспекторат за земјоделство, Законот за шумарска и ловна инспекција,  Законот за рибарство и аквакултура, Законот за тутун и тутунски производи и измените на Законот за ловството.

На дневен ред на седницата се и повеќе предлог закони од областа на градежништвото, железничката инфраструктура, социјалата и културата.

Седницата ќе продолжи по паузата.

04.11.2013 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега