Потпишан меморандум за соработка меѓу ДУТ и Тетово

Ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи потпишаа договор за соработка, со цел продлабочување на партнерството.

- Со договорот се предвидува развој и унапредување на партнерските односи на двете институции со организирање заеднички активности во областа на историјата и културата како семинари, конфернции, работилници и слично, спроведување на заеднички проекти од областа на образованието, културата, науката и другите области од институционален и јавен интерес, обезбедување на соодветни места за основање институти и музеи од јавен интерес и други активности и форми на соработка што ќе придонесуваат за двете институции и општата благосостојба и што зеднички ќе се спроведуваат, изјави ректорот Амети.

Арифи истакна дека има два моменти што се важни и што произлегуваат од овој договор, а тоа се поддршката на знаењето и науката за подобрувањето на нашата работа и вториот момент е тоа што општина Тетово сака да изнајде начин како да се подржат најдобрите дипломци од градот кои потоа ќе придонесат за доброто на општината и сите граѓани што живеат во неа.

- Општина Тетово останува верен партнер на сите институции во сферата на образованието и особено двата универзитети во нашиот град, рече градоначалничката Арифи. Општина Тетово сличен договор за соработка неодамна потпиша и со Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.

04.11.2013 - 15:07
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа