Започна изградбата на патот до штипското село Сарчиево

Започна да се гради патот до штипското село Сарчиево кое е познато по рекордот за „Гинис“ за најголем котел со сварен грав.

Градоначалникот Илчо Захариев вели дека изградбата е благодарение на Јавното претпријатие за државни патишта: - Голема благодарност до директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски и неговиот тим кои што преку Светска банка обезбедија средства од околу 200.000 евра за изградба на пат до ова познато штипско село, вели Захариев.

Штипскиот градоначалник забележува дека меѓу приоритети на општината се изградба на сите патишта до селата, кои во изминатиот период биле запоставени. 

04.11.2013 - 15:40
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа