Голем интерес за новите "Бинго Бум" и "Топ 5" на Државна Лотарија на Македонија

 Новите шанси за добивки растат со постоечките игри на среќа на Државната лотарија на Македонија, а сега се зголемуват  и со возбудата која доаѓа со двете нови игри на среќа.  Државна лотарија на Македонија на 27 октомври 2013 година ги пласираше игрите БИНГО БУМ и ТОП 5, за кои има многу голем интерес од страна на граѓаните.

 

 Играчите на игрите на среќа во Битола, Куманово, Прилеп, Радовиш, Струмица, Скопје веќе ги уплатија своите среќни картички за игрите Бинго Бум и Топ 5, а покрај сите одговори на прашањата околу новите игри си добија и убави подароци.

 

 Неделава караванот ја продожува својата рута на движење и тоа: 

04.11.13 понеделник Тетово, продажно место Бартон

05.11.13 вторник Штип продажно место Тутун пром

06.11.13 среда Кавадарци, продажно место Сигма

07.11.13 четврток Гевгелија, продажно место Монте мк

08.11.13 петок Гостивар, продажно место Јотон среќа

09.11.13 сабота Струга, продажно место Кики Твинс

 Планирано е да бидат посетени многу градови во Македонија, а сите промоции детално ќе може да се најдат на страната на интернет: loto.mk или пак на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.Сите промоции започнуваат во 10 часот, а извлекувањата ќе бидат сместени во една ТВ емисија што ќе го носи името ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА. Првата емисија со првото извлекување на Бинго Бум е најавена за 11 ноември во 20 часот и 30 минути на МРТ1. 

 

04.11.2013 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега