Сервер: Самарас е непријател на Македонците и тоа јасно го покажува

Американскиот професор Даниел Сервер вели дека Андонис Самарас е непријател на Македонија и дека предлогот името на Македонија да биде славјанско-албанска Македонија е досега најнавредливиот предлог за Македонија и Македонците.

- Грчкиот премиер Андонис Самарас е многу јасен и многу јасно има кажано дека сака колапс на македонската држава. Ова многу недвосмислено го кажува во времето кога беше министер за култура, и оттогаш не го негира. Во интервју кое и јас го преобјавив, Самарас вели дека посакува колапс на македонската држава, и сака формирање на Голема Албанија, но под разбирање дека не постои прашањето на Чамитево Грција. Ова е човек кој сака да го дестабилизира Балканот и
Вашингтон мора да реагира многу посилно отколку досега. Вашингтон досега мислеше дека Самарас е разумен политичар, но нема никаков сомнеж дека Самарас е непријател на македонската држава и тоа го кажува многу јасно, вели Сервер во разговор за МИА.

Според Сервер политиката на Самарас наликува на политиката на Слободан Милошевиќ: -  И Милошевиќ не и сакаше добро на независна Босна, и знаеме тоа до каде доведе. Не и мислеше добро ниту на независна Хрватска, и за тоа знаеме како заврши. Во ова интервју, Самарас е директно прашан од новинарот, дали навистина мисли дека е во интерес на Грција да се случи дестабилизација на грчкиот северен сосед, и Самарс вели – нема проблем, само нека разберат Албанците дека нема Чами во Грција. Ова е опасен балкански национализам и САД и ЕУ треба многу остро да реагираат против него, вели Сервер.

Професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон смета дека грчкиот предлог, кој бил спомнат во разговорите водени од Нимиц, е јасна провокација за Македонците и за Албанците во Македонија.

- Никој не би требало да наседне на овие трикови, јасно е дека за овој предлог не може да се расправа. Може сето ова да излезе и на добро, во полза на Скопје, бидејќи покажува навистина колку неразумна е актуелната грчка Влада, вели професорот Сервер.

 Сервер смета дека ќе биде потребен договор меѓу двете земји за трајно решение за спорот за името за да може Македонија да биде дел од семејството на ЕУ.

04.11.2013 - 16:01
Фото: 
кикурику.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега