Мико: Последниот грчки предлог за името е директна провокација за Македонија

Американскиот аналитичар Џејсон Мико оцени дека последниот предлог од страна на Грција, Македонија да биде преименувана во Албанско Славјанска Македонија е директна провокација од страна на нашиот јужен сосед.

- Неодамна, Даниел Сервер аналитичар со долго искуство, ги даде своите ставови во врска со неодамнешниот предлог од Грците да се преименува Македонија во Албанско Славјанска Македонија. Во својата анализа, Сервер јасно укажува дека ова е директна провокација од страна на Грција, посебно од премиерот Самарас и министерот за надворешни работи Венизелос. Тој, исто така, истакнува дека премиерот Самарас, назад во 2009 година, кога тој не беше премиер, рече дека Македонија ќе биде, во одреден момент, поделена помеѓу Бугарија и Албанија. Ова нема да се случи, иако во неговата сегашна позиција како премиер, Самарас прави сè што може ова да се случи со тоа што одбива да преговара и со предлагање апсурдни имиња. Тој не е во право, тој знае дека не е во право, меѓународната заедница знае дека Самарас не е во право, но не се врши притисок врз Грција поради нивната финансиска состојба и како таа може да влијае на евро зоната. Животот не е фер и ова е совршен пример на таа неправедност, вели Мико во интервју за „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

Аналитичарот додава и дека е убеден дека Албанците во Македонија немаат проблем со името и дека генерално сакаат било какво решение со Грција.

- Во тоа сум сигурен - додека Албанците во Македонија немаат проблем со името Македонија, тие генерално сакаат решение, какво било решение со Грција. Меѓутоа, Ахмети да се вклучува во слободна дипломатија, не е во ред – Македонците неволно се согласија на Охридскиот рамковен договор; Албанците во Македонија мора да се согласат со името на Македонија и идентитетот што оди со него. Во исто време, ние може да се приближуваме на време кога Ахмети сака да го уценува премиерот Никола Груевски да се согласи на некое ново име или да се соочи со предвремени избори. Но тоа е нормален дел од внатрешната домашната политика, истакнува Мико.

Исто така, Мико додава и дека  „политички интриги кои се прават не се корисни за Македонија, како и за другите земји": - И доколку функционираат со една земја, може да функционираат со сите земји. Ако САД сакаат долгорочна стабилност во регионот, таа треба да ја „турне” Македонија во НАТО, дури и ако тоа е под привремената референца. Да, тоа ќе ги прекрши правилата на НАТО, но правилата на НАТО веќе беа прекршени многу пати, и тоа не само со ова прашање. Грците ќе бидат вознемирени, но што ќе прават? Што можат да направат освен да продолжат да плачат како мали деца? Во личен интерес е на САД  да ја поддржат Македонија во ова прашање, не да бегаат од тоа, вели тој.

Американскиот аналитичар во интервјуто потенцираше дека земјава треба да продолжи со привлекување странски инвестиции, како и на зајакнувањето на вооружените сили.

днината на Македонија, истакнува тој, е во македонскиот народ. - Слободата никогаш не е слободна и таа никогаш не е загарантирана. За неа треба да се бори, со секоја нова генерација, да биде предадена на следната генерација, така што тие може да се борат за неа. Останува на вас, Македонијо. Вие можете да го направите тоа, во тоа сум сигурен, вели Мико во интервјуто.

 

05.11.2013 - 09:12
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега