Меркел и Нимиц разговараа за грчко-македонскиот спор за името

Германската канцеларка Ангела Меркел воБерлин се сретна со медијаторот за грчко-македонскиот спор со името Метју Нимиц.

На средбабата било констатирано дека пречките, ако постои политичката волја, се надминливи.
 
Во соопштението од германската влада стои дека Меркел и Нимиц се согласиле дека „пречките доколку постои соодветна политичка волја во главните градови Атина и Скопје би биле надминливи“. Меркел го уверила Нимиц дека германската влада ќе продолжи да го поддржува во неговата натамошна работа.

Извори за Дојче веле од Берлин велат дека оваа средба била планирана од порано со цел германската страна да се информира за актуелните движења во спорот околу името директно од медијаторот Нимиц.

Владата во Берлин во дописот до медиумите дава кратка историја на македонско-грчкиот спор за името. Таа потсетува дека грчката влада се противи на користењето на државното име „Република Македонија“, на кое полага право нејзиниот северен сосед. Германската влада потсетува дека двете земји се договорија со Времената спогодба од 13.09.1995 година дека под покровителство на ОН ќе преговараат за решение на спорот за името. Германската влада појаснува дека го користи називот „Поранешна Југословенска Република Македонија“, под кој земјата сега е членка на ОН.

 

 

05.11.2013 - 15:02
Фото: 
Дојче Веле

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега