Во Македонија најмалиот дијабетичар е бебе помало од 6 месеци

Здруженијата за дијабетичари „Баланс мк“, „Алегрија“  и Фондот за здравствено осигурување денеска ја промовираа кампањата „Против дискриминација на децата со дијабетис и превенција на дијабетисот“.

Цвете Серафимоски од „Баланс мк“ на денешната прес-конфренција истакна дека децата со дијабетис и нивните родители постојано се соочуваат со предрасуди и стереотипи: - Токму поради овие проблеми ја спроведуваме оваа кампања со која сакаме да ги охрабриме особено децата што имаат дијабетес и сите останати околу нив да го прифатат порационално бидејки не се работи за тешка болест, туку за состојба која што може многу лесно и едноставно да се контролира доколку се следат неколку препораки, а тоа се - редовна терапија, здрав начин на исхрана и физичка активност, рече Серафимоски.

Директорката на ФЗО Маја Парнаџиева Змејкова  истакна дека дијабетесот зема се поголем замав бидејќи бројот на оваа болест во светски рамки во последнте десет години е дуплиран.

- Најновите истражувања даваат надеж дека со правилен начин на живот исхрана и спортување можеме сите да  кажеме „не“ на дијабетесот. Целта на оваа кампања  е да го менуваме дијабетесот и стилот на нашиот живот посебно акцентирјќи ги дечињата, рече Парнаџиева Змејкова.

Рената Јакимовиќ од здружението „Алегрија“ која е дијабетичар нагласи дека целта да помогне во оваа кампања е нејзиното лично искуство: -Дополнително состојбата се влошуваше кога средината во која живеев не ја прифаќаше мојата состојба. Но јас не сум исклучок, несомнено сите деца со дијабетес во Македонија имааат вакви искуства, тие се етикетирани, навредувани и дискриминирани од својата средина, рече Јакимовиќ

Најмалото дете со дијагностициран дијабетис тип еден во Македонија е помало од 6 месеци, а бројот на заболени деца до 14 години е околу 2.500. 

05.11.2013 - 15:37
Фото: 
здравјеиубавина

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега