Нов смртен случај ја тресе битолската болница - уште еден пациент почина по примена инфузија

Уште еден пациент од од битолската болница мистериозно го загуби животот откако бил хоспитализиран и примил инфузија, со што ова е трет ваков случај за еден месец.

Како што пренесува Сител, се работи за 71-годишен старец од Демир Хисар кој утрово поради силни болки во стомакот бил примено во битолската болница, каде му бил извршен оперативен зафат, а потоа бил вратен на ургентното одделение, примил инфузија и ненадејно починал.

Ова е трет ваков случај за само еден месец откако претходно почина 29  - годишен жител на селото Кравари, кому и по девет дена поминати во установата, не му беше дијагностицирана проширена артерија во главата. Во текот на изминатото деноноќие уште едно лице било пронајдено мртво во дворот на болницата. Се претпоставува дека починал од мозочен удар.

 

05.11.2013 - 16:30
Фото: 
плсуинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа