ВМРО-ДПМНЕ: Време е да избереме наследник на Шиповиќ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ предложија, мнозинството на СДСМ одби гласање. Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач со Советот на општина Центар. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека во интерес на граѓаните општината потребно е да добие прв човек насоветот и дека се подготвени да гласаат засекое решение кое ќе го предложи СДСМ.

-Постои законска неопходност да се изгласа претседател на Совет со цел да не се блокира работата на Советот и функционирањето на општината. Токму поради обезбедување на непречено функционирање на општината, во интерес на граѓаните советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи именување на нов претседател на Совет и подготвеност да поддржиме било кој предлог кој ќе биде предложен од страна на мнозинството предводено од СДСМ и Жерновски, потенцира координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров.

Но мнозинството од СДСМ одби да се гласа за овој предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со овој предлог покажале дека за нив најголем интерес  се граѓаните, кои заслужуваат општина која ќе одговори на нивните барања и потреби, а второ, на овој начин се избива аргументот на СДСМ дека цел на ВМРО-ДПМНЕ е на нелегитимен начин да обезбеди контрола врз општината.

06.11.2013 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа