Проверете дали во вашата населба денеска ќе нема струја

Поголем број скопски населби денеска ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 08.30 до 12  часот, корисниците од улицата  Цицо Поповиќ, дел од улицата Пролет, улицата Стале Попов и дел од улицата Мирче Ацев во општина Центар ќе немаат струја.

Исто така, во периодот од 08 до 10 часот, дел од корисниците од улицата Тодор Чангов во општина Аеродром ќе останат без електична енергија.

Потоа, од 14 часот се до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Агино Село дел од ул. 5 во село Мирковци (општина  Чучер Сандево ), потоа во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од селата Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ, Паничари, Чајлане, Глумово, Шишево, Матка, Ѓорче Петров 2, дел од село Кондово, дел од село Крушопек, село Грчец и село Љубин ( општина  Сарај) и во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од горен дел од село Копаница и дел од корисниците од улица 20 во село Сарај( општина  Сарај).

06.11.2013 - 10:20
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа