Додека бојадисувал исчезнал во водите на Дунав

48- годишен работник паднал во водите на реката Дунав заедно со скелето на кое бил качен додека го бојадисувал „Мостот на пријателството“ во романскиот град Гиургиу.

- Мажот бил дел од поголема група работници, кои ја чистеле и бојадосувала металната конструкција на „Мостот на пријателството“. Од непознати причини скелето се откачило и тој паднал од него во водите на Дунав, каде исчезнал, изјави портпаролот на Окружниот полициски инспекторат во Гиургиу.

Полицијата трага по несреќниот работник.

 

06.11.2013 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега